Николов: Пациентите со малигни заболувања во Болницата во Битола трета недела се без терапија
Владата на СДСМ и ДУИ и Министерството за здравство не само што не ги решаваат проблемите на пациентите, туку и дополнително активно работат на нивното продлабочување, рече на денешната прес-конференција Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, и додаде дека не само што нема системско решение за континуирано обезбедување на терапија за болните од малигни заболувања, туку и гледаме дека истите овие ликови 7 години не мрднаа со прст за ветувањето за дисперзија во лекувањето на пациенти со малигни заболувања и не воспоставија услови со кадар и опрема.
– Со тоа, остана нереализирано и ова ветување како и низа други ветувања. И на крај за да биде иронијата поголема, истите овие ликови држат партиски трибини за здравство како на пример онаа партиската трибина на СДСМ во Битола и во Штип кои се еклатантен пример за негрижа и нерешавање проблемите, туку нивно создавање.
Денеска гледаме дека партиската трибина посветена на здравјето во Битола не ги реши проблемите на онколошките пациенти, па така да согласно информациите кои ги добиваме од пациентите во онколошкиот оддел на оваа Клиничка болница трета недела по ред нема:
1.Tаблети Letrozole при што се кумулира голем број на пациенти што се на листа на чекање.
2.Понатаму, втора недела нема и Oxaliplatin, две недели го нема лекот Zoladex.
Пациентите кои се обратија до Комисијата за здравство реагираат и за недостиг на основни информации во однос на тоа кога ќе се набават овие лекови, единствено добиваат одговор дека ќе бидат контактирани и дека се ставени на листа на чекање. Токму дисперзија на лекувањето на малигни заболувања требаше да биде во Битола со оглед дека таму има акцелератор – радиотерапевтски апарат кој не работи 7 години и фаќа прашина. Во Клиничките болници во Штип и во Тетово иако има специјалисти радиотерапевти онколози, сепак истите овие партиски функционери без срам денес се појавуваат на партиски трибини за здравство во овие градови, без да ги исполнат ветувањата и без да преземат системски мерки за една од најранливите категории пациенти, а тоа се малигните заболувања, рече Николов и додаде дека партиските трибини за здравство кои се без отчет што е сработено не кажуваат, поминаа, проблемите на пациентите останаа и се продлабочија, а решенија нема, ниту пак се на повидок.
– Нема отчет зошто нема работа и не постои трибина со која СДС ќе ја покрие својата неспособност и лагите на овие партиски функционери заради кои клиничките болници во Битола и Штип се на колена. Ова е одлика на владеењето на оваа Влада која пред да замине во неповрат го остави битолското здравство со недостиг од 100 здравствени работници, функционирање на оддели под знак на прашалник, а во Штип каде исто така помина партискиот караван без отчет и без одговори нема одговор зошто најважниот капитален проект – нова Клиничка болница во Штип остана неизградена. Заради не работа, системски пропусти, лаги и манипулации време е владата на СДСМ и ДУИ да замине