„Зошто „НЕ“ за уставни измени“ – Младата студентка Лина освои второ место на Ораторската вечер „Иво Пухан“

Лина Рангелова, студентка од прва година на првни студии го освои второто место на XXVI Ораторска вечер „Иво Пухан“ која се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, УКИМ.

„Зошто „не“ за уставни измени“ е темата за која Лина освои второ место. Таа изрази благодарност до сите кои ја поддржале, како и до многубројното жири од професори меѓу кои имало и професори од Србија и Хрватска. Вели, комплиментите кои ги добила од нив особено и значат.

-Уште колку амандмани треба да донесеме под притисок? Извира ли нашиот Устав од македонските граѓани или од меѓународната заедница и соседите? Дилемата сега или никогаш е многупати чуена и фаталистичка. Затоа, самосуверенот граѓанинот може да го реши проблемот. Каде? На избори, го завршува својот говор младата Лина.

https://www.facebook.com/rangelova.lina/videos/1016959289390267/?ref=embed_video