Објавил слики заедно со Палчо и од патот кон Турција, кога го уапсиле го кажал деталниот план на Палчо

Стефан Димковски од Струмица како што пренесува Телма, татко на две деца е возачот кој го превезувал Љупчо Палевски Палчо осомничен за убиството на 14 годишната Вања, од Белград до граничниот премин со Турција на граничниот премин Капетан Андреево.

Вчера попладне е уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани.

Но тој самиот си постирал слики на ФБ од рутата токму на денот кога се возел со осомничениот за убиство Палчо.

Откако бил уапсен на граничниот премин тој детално ги кажал плановите и локациите на бегалецот каде ќе престојува во Турција по што, според извори од истрагата за Телма, МВР ја известува турската полиција да го уапси. Димковски е во притвор.

Дополнително, Димковски си објавил и слика со првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.