Датумот за избори ќе се договара в понеделник на лидерска средба

Евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ќе бидат темите на лидерската средба која премиерот Димитар Ковачевски ќе ја закаже за понеделник (4 декември).

Ковачевски синоќа на заедничката прес-конференција со потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел кажа дека денеска ќе упати покана за средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието.

-Членството во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Дали ќе бидеме таму набрзо зависи само од нас, и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички партии и политички чинители во оваа земја кои имаат одговорност пред народот да испорачаат резултати на патот кон ЕУ, без изговори, рече Ковачевски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK