Приведено лицето кое го симна знамето на МПЦ и постави знаме на Албанија во црквата на Попова Шапка?!
Вчеравечер е уапсено едно лице кое попладнето од црквата Свети Наум Охридски Чудотворец лоцирана на Попова Шапка прво го симнал знамето на МПЦ – Охридска Архиепискоција, а потоа поставил знаме на Албанија, објави 24 инфо.
Извршителот на делото е пронајден и се наоѓа во Полициска станица Тетово.
Настанот претходно, околу 18.00 часот вчеравечер во СВР Тетово го пријавил свештеник од црквата на Попова Шапка.