Пржинската влада може да се укине во секој момент онака како што се донесе, со 61 глас

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека немало време да се укине техничката влада.Т.н „Пржинска влада“ беше договорена на преговорите во населбата Пржино во 2016 година како решение за политичката криза.Тогаш со голема поддршка на ЕУ и САД, СДСМ доби неколку алтернативни министри во клучните ресори и промена на актуелниот премиер Груевски.

Нема простор за промена на моделот на пржинска влада на овие избори, преблиску сме за да ги смениме правилата на игра во последен момент, рече денеска министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

Но дали е тоа така.Техничката влада е дел од Законот за Влада и тој може да се укине со 61 глас во Собранието. 

Но, немањето „време“ за Османи се вика усниот договор меѓу Зоран Заев и Али Ахмети пред минатите избори.Тие двајца си дадоа беса последните сто дена од оваа влада премиерот да биде Албанец.

Затоа е неразбирлив ставот на Османи, бидејќи премиер Албанец може да има и без техничка влада бидејќи и онака имаат какво-такво мнозинство во Собранието.