Toлку од Вилма: Русковска веќе не е обвинител поради претресот кај директорот на финансиската полиција

Вилма Рускоска е разрешена е од функцијата обвинител.Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно донесе одлуката откако беше пријавена и суспендирана од Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, за незаконски претрес по нејзина наредба извршен лани летото во просториите на Управата за финансиска полиција.

Тогашниот директор Арафат Муареми веднаш ѝ поднесе и кривична пријава, а во ОЈО Скопје истрагата за овој сличај уште не е завршена.