Министри, политичари од власта и опозицијата во Тирана навиваат: „Албанија, со тебе сме“
Додека репрезентацијата на Македонија вчера ги одмерувше силите со Англија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, дел од министрите во македонската Влада се наоѓаа во Тирана каде што ѝ даваа поддршка на Албанија во дуелот против Фарските Острови.
Според ТВ 21, вицепремиерот Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за правда Кренан Лога вчера наместо на трибините на Градски биле во албанската престолнина, каде што ќе го славеле и официјалниот пласман на нашиот западен сосед на ЕП 2024.
„Албанија, со тебе сме“ порачаа и политичарите од опозицијата Изет Меџити, Висар Ганиу, Африм Гаши и Биљал Касами.
Инаку, токму Енис Барди е стрелец на голот со кој Македонија поведе вчера.