КОНТРОВЕРЗНИОТ БИЗНИСМЕН ДАКА НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД – тој беше вмешан во скандалот со Зоран Заев и Драги Рашковски во владата на СДСМ

Контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг „Дака“ Давидовиќ (Давидовиќ) се најде на црната листа која денеска ја објави американското министерство за финансии, односно ја дополни листата со нови лица од Западен Балкан.

Како што се наведува Дака со децении перел пари за криминални синдикати, зајакнувајќи го своето влијание и вршејќи го својот криминален потфат на шверц со цигари, нафта и оружје во Црна Гора.

– Неговите коруптивни активности ги овозможија напорите на Русија да ја компромитира независноста на демократските институции и судството во земјата, вклучително и нејзините напори да влијае на изборните резултати. Тој беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Драги Рашковски, главен советник на поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев. Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со премиерот Заев за да ги унапреди бизнис интересите на Давидовиќ. Од 1991 до 1992 година, Давидовиќ беше министер за трговија во владата на самопрогласениот Српски автономен регион (ДЗР) на БиХ, велат од американското министерство за финансии.

Се додава дека Давидовиќ е назначен согласно Е.О. 14033 за одговорност или соучесник во, или директно или индиректно вмешан во, корупција поврзана со Западен Балкан, вклучително и корупција од, во име, или на друг начин поврзан со влада на Западен Балкан, или актуелен или поранешен владин функционер на кое било ниво на власт во Западен Балкан, како што е злоупотреба на јавниот имот, експропријација на приватни средства за лична корист или политички цели или поткуп.

Дополнително, Давидовиќ е означен како одговорен или соучесник или директно или индиректно вклучен во акции или политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан.

За потсетување, во Македонија Давидовиќ е познат по афери поврзани со оваа власт од времето на Зоран Заeв и Рашковски. Во јавноста беше обелоденета  комуникацијата помеѓу контравезрниот црногорски бизнисмен околу скриениот договор за купување на ШИК Јелак далеку пред тој да биде објавен за продажба, тоа беше оценето како коруптивен скандал.

Во тој скандал видовме комуникација на луѓе од врвиот на владата и Зоки Кичеец, осуден за рекет во случајот со Боки 13, од една и Дака Давидовиќ од друга страна во која императивно бара, се заканува дека треба да му се заврши работата за купување на Шик Јелак бидејќи веќе им платил за тоа.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во јавноста исто така изнесе информации за скадалот со Шик Јелак.

Тогаш тој изјави дека фиктивни фирми од Панама преку кои се „переле“ пари за инвестиции во Македонија.

Николоски прикажа  документи на кои се гледа, преку кои компании треба да се финансира  комплексот кој во Тетово ќе го гради црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ. Документацијата на Централен регистар покажува дека фирмата Јелак Градба која е инвеститор, била од Панама а како нејзини сопственици се јавуваат бизнисменот Дака и уште три лица со јужноамерикански имиња. На оваа фирма, Дака бил претседател, директор, секретар и благајник – дециден е Николовски.

Од документите што ги поседувам, може да се види дека оваа фирма е основана во 2015-та година од страна на четири лица од кои едниот е Миодраг Давидовиќ, а останатите три лица се со интересни латински имиња. Емануел Салазар се јавува во дополнителни 8861 компанија, другиот со има Делион се јавува во исто така над 8000 компании и третиот човек односно фирма се јавува во 5000 компании. Тоа значи дека фиктивно на едно име се појавуваат повеќе компании и правни лица – изјави Александар Николоски.