Лавров ќе дојде во Скопје, одлуката за забрана на прелет на руски политичари не важи за ОБСЕ
Очекувам сите министри да бидат присутни на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Одлуката на ЕУ за санкции за прелети на руски авиони не се однесува на настани од мултилатерален карактер како што е ОБСЕ, изјави министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи во врска со прашањето на учеството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Одлуката за санкции на ЕУ не се однесува за настани од мултилатерален карактер како што е ОБСЕ. Оттука е одлука на владите да донесат, меѓутоа правен основ во ЕУ има. Е сега таква одлука треба да донесеме ние и една земја најмалку од нашите соседи – Бугарија или Грција за да може да се обезбеди прелет. Меѓутоа, во оваа фаза ги процесуираме барањата, за неколку дена ќе излеземе со конечен став, рече Османи во изјава на новинарско прашање за учеството на Лавров на Минстерскиот состанок во Скопје.
Тој нагласи дека се процесуирани сите барања за визи за државите каде што има потреба од визи. Одлуката е на Република Македонија, а кога ќе биде донесена ќе бидат информирани граѓаните.
Прашан дали треба одобрение од НАТО за доаѓањето на Лавров, тој рече дека нема потреба за консултации со НАТО по однос на ОБСЕ бидејќи Алијансата не е страна во организацијата.
-Одлуката е на Република Македонија по однос на присуството, согласно одлуката на ЕУ за санкционирање на одредени лица, нашето приклучување како тоа се реперкуира врз учеството, присуството итн. Затоа, наредните денови ќе излеземе со конечен став како ќе одговориме на барањето за учество на делегацијата, во кое ниво, и во колкав број. Јас реков се надевам дека ќе успееме на крај сите да бидеме присутни во Скопје, рече шефот на дипломатијата.
За тоа што доколку некоја од другите земји члелнки на ОБСЕ се спротивстави на учеството на Лавров, Османи кажа дека и тоа го следат внимателно.
-Јас веќе кажав јавно, една од причините зошто допатував до Киев беше да разговарам и по однос на ставот на Украина во таков услов. Се уште разговараме со сите земји учеснички за да обезбедиме присуство на сите, изјави Османи.
По однос на државниот секретар на САД Ентони Блинкен, повтори дека се очекува негово учество.
-Немам индикации досега дека нема да дојде. Значи, ние се спремаме за доаѓање на државниот секретар на САД, подвелеч Османи..
За тоа до каде е постигнувањето консензус за претседавач на ОБСЕ за наредната година, тој подвлече дека тоа е убедливо најважното прашање во ОБСЕ, бидејќи без претседавач Организацијата нема политички мандат да продолжи да работи и оти постојат неколку сценарија.
-Тука имаме развиено неколку сценарија. Првото сценарио на кое што работиме е да продолжиме да бараме поддршка за единствениот кандидат, а тоа е Естонија. Доколку се исцрпи ова сценарио да не може Естонија да добие консензус бараме алтернативно друга држава која што може да постигне консензус. Ако и алтернативна држава не можеме да најдеме до скопскиот министерски совет, тогаш евентуално теоретски може да се постави прашањето ние да продолжиме уште една година. Но, јас би отишол на Влада со барање за одобрување доколку стигне формално барање од други земји членки откако ќе се исцрпи сценарио 1 за Естонија, сценарио 2 за друга држава, рече министерот Османи.
Тој повтори дека во Скопје ќе дојдат 76 делегации, од кои од 57 земји учеснички и останатите се од земји партнери од Медитеранската група и од Азиската група, односно околу илјада членови на делегациите.
Досега се, рече, направени сите подготовки за најмасовниот настан кој кога било се случил во РСМ. Потсети на одлуката на Владата донесена вчера, како што рече, на негово барање, 30 ноември да биде неработен ден во Скопје за државната и јавната администрација, основните и средните училишта, но не и за градинките и за здравствените установи, додека 29 ноември, среда работното време да биде до 12 часот, бидејќи попладнето се очекува веќе да почнат да пшристигнуваат делегациите со потешкотиите во сообраќајот, а и се разбира и од безбедносни причини да може полесно институциите да си ја завршат својата работа.
Со цел намалување на трошоците за органиација на настанот, вчера пуштил и барање до почесните конзули на други држави во Скопје, тие кои се спремни да ги понудат своите возила, да помогнат во оваа конференција да ги достават нивните службени возила како ВИП возила за високите делегации.
-Се разбира, донесовме одлука на Влада да се препорача сите градоначалници исто така да овозможат да ги достават своите возила, тие што ги исполнуваат условите, а се разбира и сите државни институции со цел да се минимизираат трошоците на МНР во организација на конференцијата, истакна Османи.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.