Мицкоски: Владата направи кармакаша со „Чебрен“ и не знае како да го реши она што го заплетка
Изградбата на хидроцентралата Чебрен и хидроцентралата Орлов камен е процес кој е децениски. Целта е да се збогати производниот енергетски потенцијал на Македонија и до тука е се добро. Но, за жал дали од незнаење дали аматерски начин Владата повторно го загрозува реализирањето на овој проект, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата на Битола која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.
Мицкоски објасни како Владата го загрозува реализирањето на овој проект.
Владата на Зоран Заев на крајот на својот мандат мислам дека е 24 или 27 декември 2019 година носи одлука во која дефинира во членот 5 став 3 со што ќе учествува ЕСМ поранешно ЕЛЕМ во новата компанија која треба да формира со најуспешниот понудувач. И таму вели, дека ќе биде вложен ХЕЦ Тиквеш три месеци од почетокот на изградбата на ХЕЦ Чебрен и Орлов Камен. Потоа вели трафостаница 400 киловолтна во Мариово, потоа вели ќе се направи експропријација на земјиштето па ќе се изградат пристапни патишта и ќе се користат по поповластена цена ноќните вишоци на електрична енергија за потребите на Орлов Камен да ја враќа водата назад во акумулацијата Чебрен, кажа Мицкоски.
Мицкоски додаде дека „тоа е отприлика состојбата на крајот од декември 2019, потоа следи нова одлука од страна на Владата, на техничката Влада на Спасовски од почетокот на февруари“.
На почетокот на февруари 2020 следи одлука во која вели членот 5 став 3 се брише и остануваат другите ставови за да потоа таму некаде на 17 февруари мислам се објави тендерската документација во која повторно се појавува ХЕЦ Тиквеш да ја користи најуспешниот понудувач и има ексклузивно право, но сега малку модифицирана вели откако ќе се изгради Чебрен три месеци потоа, вели Мицкоски.
Мицкоски информираше што следело потоа и додаде „за да слушнеме дека практично се повикуваат на членот 5 ставот 2 од претходната одлука каде велат дека пред објавување на тендерската документација ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ ќе донело одлука со што ќе учествувало во новата компанија, а потоа кога ја објавуваат тендерската документација никаде не се повикуваат на таа одлука како што се повикуваат на таа одлука како што се повикуваат на владините одлуки“.
И сега, продолжи Мицкоски, како тогаш наеднаш се појавува таа одлука која ја нема во документите.
Затоа што ако сум јас понудувач логично е да ги имам сите документи на увид одлука на влада, закони, одлука на АД ЕСМ. Тие ја заплеткале работата. Мојата цел беше бидејќи ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци ќе формира влада не сакаме да биде погрешно сфатено она кое сакаме да биде правилно направено, не сакаме да ги менаџираме туѓите пропусти и грешки со тоа што ќе го стопираме процесот. И потоа таков стопиран може да има негативни импликации и кон потенцијалниот инвеститор и кон Владата, затоа најдобронамерно укажуваме каде се направени пропусти за тие во овие неколку месеци бидат надминати. И ако покрај сето ова што го зборувам постои уште една жалба која е поднесена од фирмата избрана за најповолен понудувач која ги оспорува членовите 5, 6, 8 и 10 од одлуката за доделување и избор на најповолен понудувач и велат дека одлуката е спротивна на тендерската документација, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека народски кажано направиле карма каша или ја исплеткале работата која ни они самите не знаат како да ја решат.
Но, проблем е што ќе плаќаат граѓаните и проблемот треба да го решава Македонија, нивната глупост и незнаење треба Македонија да ги решава. Но и да не знаат ќе ја решиме за неколку месеци, заклучи Мицкоски.