КОИ СУДИИ ЌЕ ОДГОВАРААТ по одлуката од Старзбур за Миле Јанакиевски
Што следи по пресудата за незаконитите притвори на Миле Јанакиески донесена од Судот во Стразбур? Какви реперкусии ќе предизвика оваа пресуда?
Со објавата на пресудата по две апликации за притворите во два предмети на Миле Јанакиески за предметот за организатори за 27 Април и Шпански скали, утврдено е од стразбрушките судии дека на штета на Јанакиевски повредени се член 3 и член 5 од Европската конвенција за човекови права бидејќи во одлучувањата за притворите во двата предмети имало недостаток на докази и причини за Миле Јанакиевски да биде лишен од слобода.
Со ова се потврдува политичкиот прогон застапен во сите обвиненија на Специјалното јавно обвинителство, продолжен и надограден од обвинителите од одделението за организиран криминал и секако аминуван од судиите од скопскиот кривичен суд и особено скопска апелација.
Со денешната одлука, веќе не се очекува судиите да се охрабрат и да се спротистават на предлозите на обвинителите за политички притвори и обвиненија, туку се очекува од судски совет веднаш и без одлагање да закаже седница на која ќе ги разреши сите кои учествувале во донесување на решенија за притвор за Миле Јанакиески во овие два предмети.
Јавноста и адвокатите во многу наврати се спротиставуваа на ваквите политички прогони, се повикуваа и на веќе донесена пракса од Судот од Стразбур со цел да ги поттикнат судиите храбро и законски да одлучуваат, но добар дел од судиите заради напредок во кариера и прогледување низ прсти за нестручност, несовесност и корупција, беа глуви на ваквите повици.
Затоа по оваа пресуда, основано се очекува Судски совет, да ги разреши судиите кои постапувале по предлозите за притвор за Миле Јанакиески по овие два предмети или да се самораспушти.
Обвинителката Ивана Трајчева, на која неодамна и беше водена дисциплинска постапка за друг предмет, обвинителси дејствија во врска со финансиска полиција, за разлика од Вилма Русковска која беше суспендирана, па разрешена за таа постапка. Беше предлагач на притворот во предметот за Шпански скали која 4 години го одолговлекуваше притворот на Миле Јанакиески се разбира со поддршка од судот.
Правниците што прават мониторинг во оваа постапка, тврдат дека нема никакво кривично дело сторено во оваа постапка од обвинетите.
Освен што Миле Јанакиески незаконито четири години се држеше во притвор, процес на Ивана Трајчева е и починатата правобранителката Емилија Радојкова која исто така беше во притвор, за која нејзините колеги се уште ја споменуваат како една од најкомпетентните и најчесни правобранители. За потсетување на читателите, Радојкова, почина минатата година од инфаркт причинет од сите стресови приредени од оваа постапка.
Во овој предмет, претседател на советот е судијата Фанка Јанчулева Михаиловска, која исто така треба да се разреши од Судскиот совет.
Посебен куриозитет е дека оваа судијка по предлог на друг обвинител, држела долго време во притвор обвинето лице, кое за време на притворот имало тешка операција, докторите дале мислење дека опасно по животот е да остане во притвор, но Кривичниот суд одлучил да го држи во притвор, Судијата Фанка Јанчулова го судела на долга расправа во судница имајќи ја во предвид неговата здравствена состојба, за да неколку часа по расправата обвинетиот да почине.
Дополнителен куриозитет е што обвинителката Трајчева запретила дека нема да повлече обвинение за Шпански скали за дел од обвинетите иако со измените на кривичниот законик апсолутно застарено е кривичното гонење се со цел да продолжи со ова пполитичко судење иако за исти дела други лица добија повлекување на обвиненијата по измените на член 353 од КЗ.
Јавноста треба и мора да знае дека ваквите политички прогони, не носат ништо добро за Македонија. Впрочем и извештајот на Европската комисија за напредокот на судството истото го кажува. Неодамна се покачија и платите на судиите и обвинителите за 78% и просечната месечна плата на основен кривичен судија и обвинител е над 2000 евра.
Со вакви плати, Македонија треба да има судство кое ќе ужива огромна доверба во јавноста, а не 2 или 3% што сметаме дека е статистичка грешка, бидејќи никој освен симболичниот број од 2-3% граѓани нема доверба во судството кое суди по нарачка на извршната власт.