ОПАСНО: Ненад Јовановиќ: тие што коментираат на постовите на мрежите се СУРИЈА ОД ИДИОТИ!

Веќе почнува да се развива една сериозна тенденција на говор на омраза кај оние лица кои изминативе денови се обидуваа да ја замајуваат јавноста со нашата емисија Само Вистина, и…

…изгледа добиват коментари кои не им се допаѓаат.
Но да наречеш еден огромен квантум на луѓе кои користат социјални мрежи, и кои имаат право да коментираат испод постовите – идиоти, е сериозна состојба и изјава за која треба да се заинтересираат некои институции во Македонија.
„Најдобро би било, а сега сонувам, коментаторите под текстовите да се исклучуваат или бришат. Прво, тоа е индуцирана толпа од коментатори кои со самото коментирање – празни и бесмислени идиотштини – ја уништуваат структурата од текстови на авторите.
Коментаторите под текстовите не се никаков VOX POPULI или „глас на народот”. Тоа е сурија од идиоти кои се анимира себе. Точка“

Ова е само извадок од текстот на почитуваниот Ненад Јовановиќ објавен за еден од неколкуте портали на лицето кое се претставува како Џабир Дерала.
Ваква реакција и ваков говор на омраза вообичаено е индуциран од сопствено незадоволство на лицето од некое свое креативно пишано или играно дело или пак медиумски настап, но истиот не смее да остане незабележан токму од таа јавност која од Јовановиќ е опишана како – сурија на идиоти, затоа што ваков вординг кој не е насочен само кон оние кои коментираат под текстовите на ценетиот Јовановиќ, туку опфатот на сериозната навреда е капитален, што можеби претставува и сериозен говор на омраза.

Секој дополнителен коментар е излишен!

Оригинален текст на Frontline