„Голема Албанија“ среде Македонија: Али Ахмети се гордее со музејот на УЧК во кумановско Сопот
Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот во кумановското село Сопот го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК . На свеченоста Ахмети упати неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и државотворци.
Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари. Неизбежни се и фотографиите од Али Ахмети.
Сепак најконтроверзен декор во музејот е знамето на „Голема Албанија“ со голем дел од Македонија.Србија и Грција.
Пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“ пред која се поклонија учесниците во манифестацијата.