Ниту Ковачевски, ниту Пендаровски, не се поклонија пред споменикот на Гоце Делчев, испратија втори или трети ешалони
Додека македонскиот народ ја ја памети жртвата на предците кои ја платиле најскапата цена и го дале својот живот за Македонија, се чини дека на Илинденска е само продолжен викенд. Пред спомникот на Гоце Делчев не дојдоа да се поклонат ниту Ковачевски, ниту Пендаровски. На нивно место дојде поранешниот министер Алаѓозовски, партискиот портпарол Каевски, како и советник од кабинетот на претседателот.
За јубилејните 130 години од почетокот на македонската револуционерна борба, за власта олигледно, доволно беше само честитка преку маил до медиумите и попратно на пресконференција од портпаролот.
„…Лажниот патриотизам носи изолација на земјата, неизвесност, економска стагнација, празни џебови и празни фрижидери за граѓаните. Лажниот патриотизам и блокадата на европскиот пат води до нов егзодус и иселување на младите, до загрозување на македонскиот идентитет.“ – Стои во честитката на портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
И додека претставниците на власта не застанаа пред камерите за време на положувањето цвеќе, претставниците на ВМРО ДПМНЕ им го честитаа празникот на македонските граѓани од пред споменикот на великанот.
„Јас ќе го честитам овој голем македонски празник и на сите граѓани во Република Македонија би им порача да не се грижат. Додека постои ВМРО-ДПМНЕ како партија која што ја продолжува идејата и борбата за независна и слободна Македонија, се дотогаш Македонците ќе си бидат на свое и како македонци ќе постоиме и ќе опстоиме. Честит празник на сите.“ – Порача пратеничката Стојановска.
Според Стојановска, револуцинерната борба на македонскиот народ трае и денес, кога се уште се бориме да се зачува македонскиот национален идентитет што соседите отворено го спорат.
Инаку, власта со повеќе примери досега, воспостави пракса официјалните лица да избегнуваат да го споменуваат името на државата за големите национални празници. Се избегнуваат имињата на револуционерите, а слоганите се чинат недоречени. Истото се случи и за 11ти октомври, за 8ми септември како и последниве 7 години наназад.
Извор: ТВ Алфа