ВМРО-ДПМНЕ: СДС го бојкотираше Денот на револуционерната борба на македонскиот народ

СДС го бојкотираше Денот на револуционерната борба на македонскиот народ. Власта го помина 23 Октомври без поголема манифестација за одбележување на истиот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали власта се срами од вековната револуционерна борба на македонскиот народ, која резултираше со денешната државност или причините се други?

23 Октомври е датумот и точката од која тргна организираната борба, без 23 Октомври немаше да има Илинден 1903, ниту АСНОМ 1944, а без тоа немаше да ја има независноста на Македонија. Оттука запрепастува фактот што власта го избојкотира максимално Денот на македонската револуционерна борба, и уште еднаш покажува каков е односот на власта кон државата и државноста, додаваат од партијата.