Стоилковски: ДУИ го шират коцкарскиот бизнис со државни пари:Директорот на Лотарија изнајмува простор за 2,6 милиони евра од фирма каде работи член на УО на Лотарија; двајцата од кабинетот на Груби

Нов огромен скандал со Лотарија, Ахмети и Груби ја тресе државата, а институциите спијат, полицијата, обвинителството, судот спијат, за да не падне владата, рече во денешното обраќање до јавноста Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

– Државна Лотарија на ДУИ изнајмила објект во скопско Визбегово и ќе плаќа над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години! Уште еднаш, 21.000 евра месечно, 10 години! Во превод 252.000 годишно, вкупно 2.520.000. Исто така, за годинава Лотарија предвидела речиси милион евра, над 970.000 евра,  за наем и реконструкција на деловен простор!

Парите секако мора да се обезбедат каде ќе завршат.

Објектот – рентан од Лотарија е на компанијата ХЕЈ ДООЕЛ. Тоа е компанија која што во 5 месеци прави чудо од бизнис. Основана на 02 февруари годинава, на 22 март купува објект од речиси 3000 квадрати, во мај се пријавува на тендер на Лотарија во мај, и на 5 јули добива договор тежок 2,6 милиони евра!

За пет месеци од формирање до бизис тендер од 2,6 милиони евра!, рече Стоилковски, во продолжение зборувајќи за, како што рече, актерите.

-Лотарија ја води Перпарим Бајрами, шеф на кабинетот на Груби во министерството за политички систем.

ХЕЈ ДООЕЛ е регистрирано на уште еден млад со визија од ДУИ, Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај! Машовиќ ја отвора компанијата како консалтинг и маркетинг, и како и секој бизнисмен со визија има и свој интернет портал ХЕЈ.мк.

Порталот пак е регистриран еден месец пред фирмата да започне, значи во јануари, од Шабан Азмовски Хамза, инаку член на Управниот одбор на акционерското друштво на Државна лотарија, и вработен во министерството на Артан Груби!

Значи. Појасно не може. ДУИ го шират коцкарскиот бизнис со државни пари.

Директорот на Лотарија изнајмува за 2,6 милиони евра од фирма каде дел е член на Управниот одбор на Лотарија. Двајцата се од кабинетот на Артан Груби. Појасно од ова не може.

Почитувани, Артан Груби, но и Спасовски, Грковска, па и Ковачевски мора да одговорат, како тоа Перпарим директор од Лотарија најмува простор од фирма каде дел Шабан Хамза, член на Управниот Одбор на Лотарија?

Дали Перпарим од Лотарија ќе каже дали знаел или не знаел дека Шабанн Азмовски Хамза го регистрирал името на порталот ХЕЈ на фирмата каде ќе истурат државни 2,6 милиони евра?

Артан Груби мора да каже како тоа во Лотарија завршиле и Перпарим Бајрами и  Шабан Азмовски Хамза од неговиот кабинет.

А Али Ахмети и Димитар Ковачевски мора да одговорат како сите големи државни тендери се вртат околу зетот на Ахмети и неговиот бизнис ортак Ерџан Сулкоски? 

И секако СДС да одговори до кога молкум ќе слугува на криминалниот клан?

Институциите како ЈО за организиран криминал, ЈО, полицијата може слободно да продолжат да молчат, и онака за кратко ќе бидат дел од предмети за злоупотреби заради делување или неделување, истакна Стоилковски.