Уште една лага на СДСМ падна против Мицкоски, обвинителството констатираше – нема докази за делчевски ниви

Се вадат ли афери за дневно-политички интереси?! Се оцрнуваат ли имиња, се уништуваат ли кариери за лични и партиски интереси? Се користат ли лажни афери за уцени да се добие нешто?! Се распрсна уште една лага од кујната на СДСМ поврзана со лидерот на ВМРО-ДМНЕ. т.н афера „Делчевски ниви“ која власта ја форсираше е запрена од страна наОсновното јавно обвинителство кое во петокот донесе одлука да запре истрагата за овој случај поради недостик на докази.

По анализата на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка не произлегоа ниту материјали, ниту вербални докази кои би потврдиле основано сомнение дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените се кривични дела за кои се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не презеле дејствија кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела, стои во констатацијата на обвинителството.

По анализата на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка не произлегоа ниту материјали, ниту вербални докази кои би потврдиле основано сомнение дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените се кривични дела за кои се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не превзеле дејствија кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела, стои во констатацијата на обвинителството.

Обвинувањата во медиумите беа дека парите од нивите во Делчево допираат до ВМРО-ДПМНЕ, но после донесената констатација и наредбата за запирање на истражната постапка за конкретниот предмет, станува јасно целта била намерно оцрнување на најголемата опозициска партија и на нивниоот лидер.

Паднаа во вода и шпекулаците дека истрагата е до детаљ завршена, целата комуникација е фатена и се се знае и дека за тоа точно се знае кој и како и со кој и каква улога имал во предметот ,,Делчевски ниви”.

Од крајниот епилог во целата ситуација и по одлуката на ОЈО, јавноста може да заклучи дека целта била намерна, а тоа е да се оцрни најголемата опозициона партија и нејзиниот лидер.