Христовски: ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните дарува крв и донира средства за Леонид, и во иднина ќе продолжиме да ги поттикнуваме граѓаните да бидат хумани
Скопјани во многу наврати во минатото покажале и докажале дека се хумани луѓе. Тоа било во случај на природни несреќи и катастрофи како и во случаи на тешка социјалана и економска немаштија. Денеска сме тука собрани да уште еднаш со благородна цел покажеме и докажаме дека знаеме да помагаме, дека сме несебични со отворено срце овојпат ќе даруваме крв и ќе донираме средства за младото момче Леонид Индов, изјави Бојан Христовски, претседател на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова идеја дојде на една од многуте средби одржани во канцеларијата на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде што имавме разговори со преку 40 невладини организации, фондации и општествено одговорни компании, и заеднички сите договоривме да организираме еден настан од ваков тип. Имено 44 вкупно организации,правни субјекти, општетсвено одговорни организации, невладини организации денеска се тука сите заедно со јавната установа на клиничкиот центар за трансфузиологија, без чија што помош не би можеле да организраме крводарителска акција даруваме крв и преку донирање на средства директно во кутиите коишто денеска тука се поставени и штандовите за храна и пијалоци, големи проценти одвоија општествено одговорни компании, конкретно средства кои што ќе одат за лекување и финансиска помош на младиот Леонид.
Ние сме тука заедно со граѓанскиот сектор и денеска и понатаму за да поттикнеме и другите наши сограѓани да бидат хуманитарци, да помагаат како денеска така и понатаму во сите случаи каде што е потребна помош. Денеска сме тука до 16:00 часот со крводарителската акција и до 18:00 часот ќе трае забавата со диџеј „Ogipsilon“. Им благодарам уште еднаш на медиумите коишто ја пренесоа веста за овој настан за со што поголема масовност да придонесеме за овој хуманитарен настан, рече Христовски.