Хероите од „Диво Насеље“ добија огромен мурал во Куманово (ФОТО)
Полициските припадници кои беа дел од антитерористичката акција во кумановската населба Диво Насеље добија огромен мурал во центарот на Куманово.
Автори на живописниот мурал се членовите на здружението „Форма“ од Куманово кои дошле на ваква идеја со цел да им изразат почит на трагично загинатите бранители, но и на сите оние кои тој ден го бранеле Куманово.
На муралот висок нешто над два метри и долг 15 метри, се претставени реални фотографии од полициската акција, над нив е исцртано македонското знаме, а долу стои пораката „Хероите живеат вечно“.
Од здружението апелираат петнаесетметарскиот мурал да не го уништат несовесните граѓани.
Инаку во терористичкиот напад во Диво Насеље на 9 и 10 мај 2015 година загинаа осум припадници на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување, додека 37 беа повредени.