АКО ИМА ЗА ВАС, ТРЕБА ДА ИМА И ЗА НАС
„Ако има за вас треба да има и за нас“, „Линеарно покачување на пензиите, од 3500 денари нема отстапување“, „Навредливо, во 21 век пензионерите да протестираат за своите права“ – со транспаренти штипските пензионери и денеска излегоа на мирен протест не откажувајќи се од своите барања. Линеарно покачување на пензиите за 3500 денари бараат за подостоинствен живот.
– Иако во години, ниту сме слепи, ниту сме глуви за да ги видиме сите криминали, сите тендери кои се прават во четири очи. Не треба да бидеме навредени, понижени и сиромашни во оваа трета доба од нашиот живот. За достоен живот на сите пензионери, – вели Арсовска.
Денеска уште еднаш побараа поголема масововност на протестите со цел да може да успеат во своите барања. Наредниот протест е закажан за во петок во10 часот со повик да се вклучат што е можно повеќе пензионери.
– Ние треба да бидеме масовни и да излеваме, сакаме да добиеме, а друг да ни трча. Една птицапролет не прави, илјада птици прават пролет, додадоа пензионерите.
Веќе во понеделник протестот ќесе одржи во Скопје пред Влада, со што ќе се прослави и Денот на пензионерите. Достоинствено како што започнаа штипските пензионери го завршија денешниот мирен протест за линеарно покачуваење на пензите.