ЗАЕВ ГИ ШИРЕЛ БИЗНИСИТЕ ВО ГРЦИЈА, Ципрас му бил брат до крај на животот

Заедно со тогашниот премиер, господинот Ципрас, направивме чекор и го отворивме патот за нова перспектива и подобра иднина за нашите земји. Пред пет години, храброста и визијата на тогашните влади на Атина и Скопје ставија крај на тековното горчливо несогласување, воведувајќи нова ера на соработка и регионална стабилност. Со Договорот од Преспа невозможното го направивме возможно.

Вака поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчките медиуми се фали за Преспанскиот договор.

Според него сега сме горда членка на НАТО.

Заев смета дека Мицотакис, по договорот од Преспа, потврдил дека го прифаќа и дека ќе го следи спроведувањето на договорот, но признава дека има одредени одложувања во спореведувањето.

– Оваа или почетокот на следната година граѓаните на Северна Македонија ќе го завршат процесот на промена на патните исправи со новото име на државата. Своите документи ги комплетирав пред три години, многу луѓе ги менуваа во меѓувреме, но крајниот датум е февруари 2024 година, рече тој.

Заев уште се надева дека Грција ќе ги смени патните знаци кои се со ФИРОМ.

За Алексис Ципрас и неговата оставка од претседателската функција на СИРИЗА Заев рече:

-Знаете дека Алексис е мој брат. И ќе бидеме браќа до крајот на животот, бидејќи заедно имавме доволно храброст да ги „пресечеме“ овие бариери меѓу нашите земји и да изградиме братска соработка меѓу Грција и Северна Македонија, рече Заев.

Според Заев Македонија и Грција имаат сличен менталитет, слични традиции.

Повеќето наши граѓани се православни, секако дека сме поразновидна земја, имаме и други малцинства во нашата земја, но ние сме овде на Балканот. И храброста што Алексис ја покажа на грчкиот народ, на граѓаните на Балканот, на ЕУ и на луѓето од целиот свет ќе го паметиме до крајот на животот и секако, на генерацијата пред нас. Тоа го препозна западниот свет, западниот демократски свет и остатокот од светот. Го гледав како се бори и на последните избори, рече тој.

Заев во интервјуто за Уан Канал нагласи дека неговите две деца студираат во Солун, бидејќи тоа е на само 100 километри од неговиот роден град Струмица кадешто сега живее и работи и додаде дека има бизнис релации со Грција и натаму го проширува бизнисот на неговите компании.