„СДСМ и ДУИ се амнестираа со КЗ, СЕГА ЌЕ АМНЕСТИРААТ ДИЛЕРИ, УБИЈЦИ И ТЕШКИ КРИМИНАЛЦИ“

СДСМ и ДУИ се амнестираа со Кривичниот законик, а сега ќе амнестираат и дилери, убијци и тешки криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека власта подготвува закон за амнестија, и единствена причина за амнестијата која ја наведе Лога се лошите услови во затворите.

СДСМ и ДУИ и на рати АА се власта во државата 6 години, имаа повеќе од доволно време да направат нешто за затворите доколку тоа им беше приоритет. Реалноста е дека откако СДСМ и ДУИ си се амнестираа себе со измените во Кривичниот законик, сега ќе ги амнестираат и тие кои заедно со луѓе од власта тргуваа дрога и правеа други тешки кривични дела, истакнуваат тие.

Во соопштението се потенцира дека матрицата на СДСМ и ДУИ е криминална и пред да си заминат од власт се амнестираат себе и нивните извршители.

Постави одговор

Your email address will not be published.