Повеќе од 4 месеци жителите од населба ,,Илинден” во Крива Паланка се движат по руинирани улици

Прес-конференција на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка, Емил Спасовски:

„Повеќе од 4 месеци жителите од населба ,,Илинден” во Крива Паланка се движат по руинирани улици.

Улицата „17та Македонска Ударна Бригада“ и некои други во оваа населба започнати се со реконструкција пред повеќе од 4 месеци – изгребан е асфалтот и дополнително се вршат ископи надвор од техничката документација, без проект и издадна градежна дозвола за поставување на водоводни цевки, со што улиците се во очајна состојба.

Очигледно дека постои спор меѓу општината и изведувачот, а граѓаните се движат по улици во катастрофални услови, кои се потенцијален ризик и за возилата и за пешаците.

Состојбата повеќе не е издржлива и граѓаните бараат итно да се реши проблемот.

Апелираме до надлежните веднаш, во најбрз можен рок да се вразумат, да изнајдат решение и улиците целосно да бидат ставени во функција на граѓаните кои гравитираат и живеат во овој дел од градот“, се вели во прес конференцијата на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка, Емил Спасовски:

Во меѓувреме пристигна и одговор од градоначалникот Сашко Митовски, кој се правда со „временските неприлики“, за потоа да признае дека фирмата изведувач отпочнала и други проекти во други градови и тоа е реалната причина за доцнењето на сите активности на терен.

Линк:

https://www.facebook.com/VMRO.Palanka/videos/239808779057705

Постави одговор

Your email address will not be published.