Мицкоски од Кавадарци: Им посакувам успешна берба на лозарите, и повикувам на што поголема посетеност на „Гроздоберот“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во Кавадарци од каде истакна дека претставува за него чест и задоволство да е на „Тиквешки гроздобер“.
-Навистина прекрасна организација и мислам целиот викенд ако не се лажам, од петокот, од вчера почна и ќе трае и утре. Како што слушнавте, како што кажа Митко очекуваме да дојдат овде во Кавадарци и одговорно да конзумираат вино, повеќе десетици илјади македонски граѓани. Но, зошто не и од странство, има луѓе кои што сакаат да го посетат овој настан.
Ете и официјалниот почеток на гроздоберот е нели денеска, иако јас ја користам и оваа прилика и да им посакам успешна берба на лозарите нели во периодот кој што следи. Нормално, тие кои што својот труд го вложиле изминатиов период соодветно да биде и плате тој истиот труд од страна на откупувачите. Знаете дека тоа години наназад претставува голем предизвик за оваа Влада бидејќи секогаш мора со лаги и манипулации да се служи кога станува збор за откупот на трудот на лозарите.
Но, како и да е, јас ги повикувам сите граѓани во Македонија, но и сите оние кои што не следат надвор од Македонија, овој викенд денеска, утре да бидат тука во Кавадарци, да бидат дел од овој спектакуларен настан и да уживаат во добро расположение, со убава енергија. Затоа што убава енергија ни е потребна, убаво расположение ни е потребно. Впрочем да се чувствуваме убаво во денешно време претставува предизвик, а зашто ние денеска и утре да не се чувствуваме убаво. Бидејќи овој карневалски настан нас сите ќе не прави да се чувствуваме убаво, истакна Мицкоски.