Италијанските медиуми објавуваат за „нивата“ на стадионот во Скопје

Откако капитенот на италијанската репрезентација Чиро Имобиле се пожали на дупките на теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје каде вечерва Италија се сретнува со Македонија, италијански новинар објави видео снимка од катастрофалната состојба на теренот.

На снимката стадионот во Скопје наликува на некој локален селски терен, а не на арена на која се оддржува евроквалификациски меч.