Апасиев го забранил ,,Сонцето од Кутлеш” во канцелариите на Левица
Пратеникот Димитар Апасиев го забранил знамето со ,,Сонцето од Кутлеш” во канцелариите на Левица, објавува новинарот Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит.
Новинарот ја објавува наредбата на Апасиев до своите сопартијци во која се гледа дека тој знамето со сонцето од Кутлеш го нарекува знаме од Вергина како што го нарекуваат грчките пропагандисти.
Информацијата до Илиевски ја доставил свиркачи од Левица.
,,Македонското национално знаме за Димче од Девица била „естетиката на Тодор Петров“.
Димче комунистче само во јавност ќе ви каже дека е големо Македончиште, ама кога е сам со себе сфаќа дека всушност му пречи знамето од Кутлеш.
На ист начин предвидуваше „бесилки“ за сите за 27-ми април бидејќи се рушела „легитимно избрана власт“, за потоа да глуми патриот загрижен за судбините на затворените.
Затоа и забранил во канцелариите на Девица да стои македонското национално знаме. Но, во јавност ќе видите како пушта фори како загрижен за сонцето од Кутлеш (кое во мејлот го нарекува вИргина, покрај „естетиката на Тодор Петров“). Пусти Димче…
*принтскринот е од свиркачи, ги има такви и околу Димче комунистче, рутер патриотот”, пишува Илиевски кој го користи хаштагот
#ТекСмоПочели.
Документот може да се види на профилот на Илиевски.