„Власта 8-ми Септември го помина без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата“?

Власта 8-ми Септември го помина без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата? Ниту во логото, ниту во официјалните материјали на власта за 8-ми Септември не се најде името Македонија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта како да се срами од сопствената држава.

СДС ја релативизира независноста и се повеќе бега од чествување на националните празници.

Од односот на СДС кон 8-ми Септември не е чудно зошто тргуваат со сите претходни национално важни датуми и моменти.

СДС недостојно се однесуваат кон државата, потребни се промени и враќање на гордоста и достоинството на Македонија“ – велат од партијата.