Лагите на Заев за Смилковското езеро (ВИДЕО)
На Јутјуб каналот се појави видео во кое јавноста може да се потсети на сите лаги кои ги кажа лидерот на СДСМ Зоран Заев во 2016 година во врска со трагичниот настан и петкратното убиство во Македонија.
Имено тој во минатото направи се за да дојде на власт, па макар си поигра и со животите на младите убиени матуранти.
-Вистината ќе ја споделиме со граѓаните, овде е случајот за Смилковското езеро, не можеме да бидеме земја, а да не знаеме кој ги уби четирите деца на Смилковското езеро, се само дел од лагите кои ги ветуваше Заев пред граѓаните, но и на родителите лично на починатите деца.
Сепак по доаѓањето на СДСМ и Заев на власт, наместо вистината за убиството, обвинетите за случајот излегоа на слобода.
Целото видео со изјавите на Заев чиј сведоци се сите граѓани можете да го погледнете во продолжение: