Велешани масовно го прославија празникот Источен петок Балаклија посветен на Пресвета Богородица
Православните христијани од Велес вчера го посетуваа манастирот „Св. Димитрија“ кој е оддалечен еден километар од градот и како и секоја прва недела по Велигден по традиција го прославауваат празникот Источен петок Балаклија посветен на Пресвета Богородица. Празнувањето започна вчера попладне кога жителите на Велес и околните населени места масовно го посетија манастирот.
Во манастирската црква Златоустова литургија утрово отслужи неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски Агатангел. Тој синоќа пред голем број на православни верници отслужи и Воскресна вечерна богослужба.
Манастирот „Св. Димитрија“ за време на турското владеење на овие простори бил затрупан со земја цели пет века, а повторно бил откопан во 1855 година.
Со финансиска помош на градските големци манастирот бил откопан, а бил зографисан од познатиот зограф Хаџи Косте Крстев.
МИА