Уапсен анестезиолог кој снимал родилки во тетовската болница за „Тик-ток“, додека им се пружа лекарска помош
За да сподели со своите фанови, доктор од болницата во Тетово се вклучил во живо на „Тик-ток“ шетајќи низ болничките ходници, снимајќи колеги и пациенти. Се слуша смеење и зборување. Раководството на болницата за повеќе медиуми потврди дека според снимката, станува збор за гинеколошкото одделение. Докторот, кој е анестезиолог, уште вчеравечер бил приведен.
„На 14.04.2023 во 23.40 часот во тетовско Одри полициски службеници го привеле В.Д. (43),постапувајќи по пријава од страна на П.В. , директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д., вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата “Тик-Ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош“, велат од МВР за „Макфакс“.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претходно, директорот на тетовската болница Пелумб Вела. Тој го осуди непрофесионалното однесување на медициското лице.