МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја
МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја, покажува најновиот ревизорски извештај. Пред стартот на енергетската криза, за потребите на овие трговци, преносниот систем влечел струја од Европската мрежа. За количините, 4 компании од Мепсо добиле фактура во висина од 15 милиони евра. Наместо да ги наплатат, истите со одлука на Управниот одбор во компанијата, биле отпишани. Овој износ МЕПСО го книжи како трошок на компанијата, кој потоа го пријавува во Регулаторната комисија на енергетика. Според ревизијата ваквиот трошок има влијание и во утврдување на крајната цена за електрична енергија, која ја плаќаат домаќинствата. Од отпишаниот долг во март година МЕПСО успева да наплати само мал дел, објави Телма.
За целосно да се покријат потребите од струја, во 2021 година МЕПСО од европската мрежа извлечена е електирчна енергија во вредност од 68,5 милиони евра, пет пати повеќе од претходната година. Дел од струјата била за ЕСМ која не успеала целосно да го реализира својот план за производство.
Телма претходно пишуваше дека три фирми трговци со струја, на МЕПСО му должат милиони за баласнираната енергија, „У Повер“, компанија на синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери, „Енергија гас и Повер“, и „Мист Енерџи“. Овие фирми добија и забрана да тргуваат со струја. Но, некои најдоа начин, го променија името и се вратија во игра. Тоа се случи со Мист Енерџи. Компанијата го промени своето име во „Мист Енерџи Еко ДОЕЛ“, и се врати на пазарот со електрична енергија. МЕПСО мака мачи да ги врати милионите од овие фирми во касата на компанијата. Според последните информациите, нивните сметки се блокирани, приливи нема, со месеци не е извлечено ниту евро од нив.
Државната ревизија открива дека раководителите во МЕПСО (директорите и членови на Управниот и надзорен одбор) имале менаџерски договори за да земаат отпремнина во висина од 12-месечни нето плати на ниво на компанијата, по заминување од функцијата. Двајца членови на Управниот одбор ја тужеле МЕПСО во 2021-ва и добиле како оштета над 37 илјади евра.