Мицкоски на панел дискусија насловена „32 години на страната на младите“: Ќе имплементираме нови политики за младите, нула персонален данок за млади до 29 години, загарантиран работен однос за 500 најдобри студенти, домови за млади брачни парови и дигитализација во образованието
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашење во однос на иселувањето како еден од најголемите проблеми, и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе нешто на тој план истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе имплементира нови политики за младите, но и нула персонален данок за млади до 29 години, загарантиран работен однос за 500 најдобри студенти, домови за млади брачни парови и дигитализација во образованието
„Ќе зборуваме сега на таа тема со Сергеј со претседателот на унијата на млади сили, многу работиме на тоа прашање за младите, ќе зборуваме за тоа како да ги вратиме оние политики кои што претходно постоеја но и да иновираме да донесеме нови политики, ќе зборуваме за гарантирано вработување на 500 најдобро дипломирани студенти на Универзитетите во Македонија, да имаат загарантирана работа да државтаа обезбеди за сите овие 500 најдобри студенти редовен работен однос, да може да ги искористи бидејќи вложила во нив, да не ги праќаме во Западна Европа во Америка, Канада, Австралија готов кадар туку да си го задржиме тука без разлика од каков профил е, да ги повториме нашите ветувања за 0 персонален данок за млади луѓе до 29 години, да се потсетиме на оние домови за млади брачни парови, се сеќавате тоа некако како да исчезна, како да не постои, да зборуваме за квалитетно високо образование и најмалку еден универзитет во првите 500 според Шангајската ранг листа и затоа ве поканувам ако имате време или ако ви дозволува распоредот останете ќе слушнете многу работи и многу политики како што е дигитализација во образованието кои што денеска ќе бидат презентирани на оваа дискусија“, нагласи Мицкоски.