„Народот ПЛАЌА 30% ПОСКАПА СТРУЈА заради Васко Ковачевски и СДСМ И ТЕНДЕРИТЕ ВО 4 ОЧИ“
Времето на Васко Ковачевски и СДСМ ќе биде запаметено по тендери во четири очи, милиони испумпани од РЕК и ЕЛЕМ и хаварии во системот. Фалбите на Димитар Ковачевски за Васко Ковачевски можеби се заради десетиците зделки кои поминаа во изминатиов период во режија на власта преку енергетскиот сектор, од кои корист имаат само фирми и луѓе блиски до власта, но не и граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Самиот Димитар Ковачевски кажа дека во ЕЛЕМ се вбрзигани близу 200 милиони евра државни пари, да не биле овие пари, претпријатието ќе банкротирало. Оттука чиста козметика се тврдењата за наводна успешност на Васко Ковачевски, додаваат тие.
Потенцираат дека тоа што Владата како што велат тие требало да субвенционира струја е повторно заради неспособноста на менаџерскиот тим на СДСМ и ДУИ, но и целата влада. ЕЛЕМ не е во можност да произведе доволно струја по цени кои ќе го задоволат регулираниот пазар, а нивната неспособност не е и не може да биде успех.
– Фактите се дека народот денес плаќа 30% поскапа струја, за тоа не треба некој да биде експерт да го спознае, доволно е да ја погледне сметката која ја плаќа. СДСМ не може да го убеди народот дека црното е бело, па макар и сто пати го повтори спротивното, стои во соопштението.