Мицкоски: Не е точно дека инфлацијата на цените на храната е увезена, во еврозоната инфлацијата е двојно помала
Политичките манипуланти, владата на ДУИ поддржана од СДСМ не ја говори вистината кога вели дека инфлацијата и високите цени на основните прехрамбени производи се увезени, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи.
Имено, пишува тој, трошоците за живот во јануари 2023 година споредено со јануари 2022 година се зголемени за 17,1%, а цените на храната и безалкохолните пијалоци за истиот период се повисоки за цели 25,1%, според државниот завод за статистика (слика 1).
Само за споредба, според EUROSTAT, во еврозоната инфлацијата во јануари 2023 година споредено со јануари 2022 година се очекува да биде 8,5% (слика 2), двојно помалку од таа во Македонија.
Имаме план, знаеме како да се справиме со предизвикот. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред, напиша Мицкоски.