Алијанса внатре, Алтернатива надвор, Гаши добил неприфатлива понуда

Димитар Ковачевски, актуелниот премиер на Македонија на Африм Гаши од Алтернатива му дал непристојна понуда за да остане во Владата,објавува Република.

Ковачевски им го понудил единствено само министерството за информатичко општество и тие сега се на чекор да излезат од владеачката коалиција. Сметаат дека целта е да се избрка „Алтернатива“ од владата, за да имаат оправдување зошто „Алијанса“ ќе добијат значителен кадровски колач. Вака, на овој начин Ковачевски ја убива европската агенда на државата.

Како што претходно објави „Република“, Алтернатива излегува од Влада, а на нејзино место влегува Алијанса за Албанците.