Бронзен медал од Президент КУП Г2 во Истанбул за Дејан Георгиевски

НОВИ БОДОВИ ЗА ОЛИМПИСКА НОРМА

Бронзен медал од Президент КУП Г2 во Истанбул.

„Не постои потешка работа на светот од тоа да држиш континуитет со врвни резултати во олимписки спорт, такви спортисти се неколкумина на балканот а меѓу нив е и Дејан Георгиевски !

Никогаш не е наш стил да се жалиме пред борба, Деки пред денешните борби не тренираше 10 дена, само за да може да настапи денес. Тие 10 дена за темпирана форма значат премногу, и покрај тоа фуриозно ги поминавме светските таеквондо велесили Турција и Азербејџан, во тесна борба за финале за жал пораз од олимпискиот шампион Сисе од Брегот на слоновата коска“ – напиша на својот профил Дарко Костовски.