Бугаринот Стојанов нуди 200 евра за името на македонски полицаец – Љупче го даде за без пари!
По инцидентите со бугарски државјани на граничниот премин Деве Баир, најгласниот од нив, претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од туркањето, вечерва на својот ФБ профил објави фотографија од македонски полицаец. Тој во објавата нуди пари за оној кој ќе му даде информации за неговото име и презиме.
“Давам 200 евра за името и презимето на овој македонски полицаец”, напишал Стојанов на Фејсбук под фотографијата на македонскиот полицаец.
Со која цел Стојанов ги бара овие информации е нејасно, дали е ова директна закана за овој македонски полициски службеник од страна на претседателот на бугарската фондација?
Но, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со својата објава го објави името на полицикиот службеник – ЗА БЕЗ ПАРИ!
„Секој кој со добра мисла сака да ја посети нашата убава земја е добредојден. Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навредите и провокациите. Горд сум на професионалноста на сите полициски службеници на граничниот премин Деве Баир и на мојот другар Дарко“, пишува Љупчо Николовски.