ВМРО-ДПМНЕ: Вишоците на струја се продаваат по двојно пониски цени од берзански, броилото на Ковачевски и неговите фирми расте додека народот осиромашува
Кога СДС се фали дека државната ЕЛЕМ продава вишоци струја, треба воедно да каже дека ЕЛЕМ и Ковачевски државата и граѓаните ги чинат 230 милиони евра за само една година, колку што употребија пари од буџетот за купување на струја од пајташи блиски до власта, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Воедно да одговорат зошто се чекаше цели дваипол месеци за смена на генераторот, со што беше успорено производството на струја? Главното прашање е што се прави и каде завршуваат тие вишоци на струја, односно зошто се продаваат на сомнителни субјекти по двојно пониски цени од берзанските? Ова се прави за да броилото и фирмите на Ковачевски во енергетиката растат додека народот осиромашува. Добро е Ковачевски да објасни како неговата сопруга преку ноќ стана бизнис тајкун во овој енергетски сектор, велат од партијата.