Д-р Мехмедовиќ: „Кракен“ не дава причини за загриженост за хоспитализации и смртни случаи
Новата варијанта на коронавирусот наречена „кракен“ не е причини за загриженост за евентуални хоспитализации и смртни случаи, вели во разговор за Канал 5 д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.
Д-р Мехмедовиќ вели дека загрижува само полесната преносливост на „кракен“, но не се очекуваат потешки форми на болеста. Вели дека варијантата „кракен“ не прави пневмонии, па не очекува да имаме полни болници.
За повеќе од двојно зголемениот број на потврдени случаи на грип, пак, д-р Мехмедовиќ вели дека состојбата не е алармантна и не отстапува од вообичаената крива во овој период од годината.