ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО НАЈЛЕСНО ДА ИЗВАДИТЕ ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ ОД КОСА

Сериозен проблем е кога гума за џвакање ви се заплетка во вашата коса посебно ако се работи за кадрава коса. Вистинска мистерија е како мастиките воопшто завршуваат заплеткани во косата на децата, па и на возрасните. Кубење, врискање, задолжително потшишување, се некои од последиците од овој немил настан. Постои едноставен начин да го решите случајот.

Сè што треба да направите е да земете малку омекнат путер и да го нанесете на прамените зафатени со гумата за џвакање. Таа сама ќе се излизга, без никаков напор и влечење.

Не ви препорачуваме да си залепите мастика во коса за да ја испробате ефикасноста на овој трик, но ако некогаш во иднина, вам или на некој друг му се случи вакво нешто, имајте го путерот на ум.

Инаку, путерот може да ви се најде и за неколку други работи во секојдневниот живот. Еве ги тие негови примени:

  • Отстранување лепак од прстите на рацете – ова секогаш се случува кога лепите нешто. Пред да се обидете со сапунот и водата, протријте путер низ рацете, а потоа измијте ги на планираниот начин.
  • Сечење лепливи работи – ако треба да сечете тврдо суво овошје или пак некој друг леплив продукт, најпрво поминете со ножот низ путерот. Сечењето ќе биде беспрекорно, благодарение на намалувањето на лепливоста.
  • Отстранување смола од автомобилот – ги ловите сенките за да не се сварите следниот пат кога ќе влезете во автомобилот. Ама споредните ефекти од ваквото задоволство може да бидат во вид на смола налепена по каросеријата. Земете малку путер и ставете го на меко парче крпа. Тријте ја смолата сè додека не исчезне, заедно со путерот. Смолата ќе ја нема, а не треба да се грижите ни за гребаници.