Игор Јанушев – Со многу труд и вложување ќе ги направиме работите подобри за секого
Изјава од Велес на Игор Јанушев, 07.07.2020
Со многу труд и вложување ќе ги направиме работите подобри за секого. Се обврзуваме на:
1 денар од акцизата на горивата ќе оди дирекно како буџет за развој на културата, тоа е околу 15 милиони евра секоја година.
50000 нови работни места
Целосно укинување на персоналниот данок за сите нови вработувања за млади лица до 29 години
Префрлање од приватна во државна квота за студентите кои оствариле просечен успех на 8,5
5% од најдобрите студенти ќе го продолжат своето образование на постдипломски студии на државен трошок
3% од најдобрите магистранти ќе продолжат на докторски студии на државен трошок