Јаревски: Предлог Буџетот за 2023 година е мегаломански, инфлаторен и расипнички
Предлог Буџетот за 2023 година е мегаломански, инфлаторен и расипнички, рече Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата Утрински печат.
Според него кога се зборува за буџетот за следната година мора да се види прво ситуацијата во која е државата.
„Ние во нашата држава си имаме серија на проблеми, а од надлежните слушаме нешто сосема поинаку, прво дека блескаме, па секоја година ќе има економски бум, па сега доаѓаме до економски пресврт. Притоа факт е дека никој не им верува“, посочи Јаревски.
Пратеникот се осврна и на детали.
„Дали имаме 5,3 милијарди евра предлог буџет – да, дали истиот е 75 проценти повисок од 2016 година година – да, дали потрошувачката кошница ја помина психолошката граница – да, дали истата е поголема за 19 илјади денари – да. Не задолжија повеќе од сите влади претходно заедно“, вели Јаревски.
Според него со тешките времиња се справува Владата, никој друг. Нас што ни се случува, прашува тој и додава, народот е се посиромашен.
Оттука не може да и се верува на Владата.
„Не можам да верувам на Владата и прогнозите на функционерите, бидејќи Владата не лаже сите. Класичен пример за лага е следниот. Во проекциите и стратегијата за раст 2022-2026 година велат 4,3 односно 4,6 раст, а сега што ни предложија 2,9 проценти раст, што се случи за така драстична промена. Слично е и со ММФ проекциите за раст првични беа 3,2, а сега паднаа на 2,7 проценти раст. Тоа го менува целиот концепт на буџетот, се што е планирано не исполнуваат“, заклучи Јаревски.