СДС, Левица и ДУИ се власт во град Скопје, Ковачевски и Арсовска коалиција на тендери и бизнис зделки

СДС, Левица и ДУИ се власт во град Скопје, Ковачевски и Арсовска коалиција на тендери и бизнис зделки. Директорите на претпријатијата под Град Скопје се поставени од СДС, Левица и ДУИ. Директорските места се најголем доказ за коалицијата кои ги споделуваат заедно со ГРОМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е Зухјер Реџепи од ДУИ.

Директор на ЈП „Улици и патишта“ е Саид Саид од ДУИ.

Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица.

Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.

Заменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица, стои во соопштението и се додава:

„Директор на „Градски паркинзи“ е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.

Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот.

Токму Стојковски е директорот преку кого Арсовска и СДС туркаат големи зделки. Имено Стојковски лично го потпишал договорот за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат, кој е вообичаен за таквиот вид договори.

Само заради тоа што во договорот од 27 милиони евра не е предвиден рабат, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.5 милиони евра.

Со 1.5 милиони евра во целост може да се реши проблемот со приватните превозници, но Арсовска и СДС не сакаат да го поништат договорот и да распишат нов повик за да обезбедат рабат за претпријатието.

И директорот на ЈСП и Арсовска и СДС не работат за граѓаните, туку за свои интереси“.