Скопјани НЕзадоволни од Данела Арсовска, вели анкетата на ИРИ
Во последната анкета на ИРИ во која се истражувани и состојбите во Скопје, испитаниците во 57 отсто се „целосно незадоволни или донекаде незадоволни“ од работата на градоначалничката Данела Арсовска, а сличен е процентот и за работата Советот на Град Скопје – 54 проценти.
Од работата на Арсовска се целосно или донекаде задоволни 39 отсто, а за Советот на Град Скопје се изјасниле 30 проценти.
Во оваа истражување како најголем проблем што ги мачи скопјани и кој прв го наведуваат е урбаното планирање и развојот. Него како прв го споменале 21 отсто од испитаниците, додека загадувањето и јавната хигиена се подолу на листата – со 8 и 4 проценти. Здравствената заштита е високо со 15 отсто.