Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија

Одбивањето на Вилма Рускоска да потклекне на политичкиот притисок е причината таа да биде суспендирана. Поранешната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Русоскоска ја посочува улогата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот „Беса транс“ како директна причина за нејзината суспензија.

Зборувајќи за политичките притисоци во Обвинителството, Рускоска рече е суспендирана додека траела предистрагата

-Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во поткастот на ИРЛ и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.