Османи утре на средба со Дендиас во Атина
Шефот на дипломатијата ќе биде во еднодневна посета на грчката метропола во пресрет на преземањето на претседателството со ОБСЕ, а предвидено е да има тет-а-тет средба со Дендиас, состанок на двете делегации, како и работен ручек.
Преземањето на претседавањето со ОБСЕ, европската перспектива на регионот, Договорот од Преспа, билатералните односи, меѓу другото, според грчкото МНР, ќе бидат во фокусот разговори во Атина на министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Никос Дендиас и Бујар Османи.
– Се очекува разговорите да се фокусираат на преземањето на претседавањето со ОБСЕ од страна на Македонија, европскиот тек на Западен Балкан, целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, дополнително зајакнување на билатералните односи во сите област, како и во регионалните и меѓународните случувања, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во пресрет на средбата Дендиас-Османи во Атина.