Тачела коалицијата губи контрола: Арсовска и ГРОМ ги навреди приватните превозници нарекувајќи ги багра

Тие велат дека се борат за леб, а Тачела коалицијата ги навредува нарекувајќи ги багра. Арогантното однесување на Данела Арсовска и нејзиниот учител Стевче Јакимовски од ГРОМ, денес преку советникот и заменик градоначалник Александар Трајановски исплива на виделина, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес машата на Арсовска Трајановски чесните и трудољубиви работници ги навреди нарекувајќи ги багра.

Додека тие си го бараат тоа што им е саработено, денес наместо да им се излезе во пресрет и да им се исплатат побарувањата, гласноговорникот на Арсовска ги навредуваше.

Додека со денови тие протестираа, додека молеа за помош и да ми се даде тоа што го сработиле, за да можат да ги прехранат своите семејства наместо изнаоѓање на решение, тие од Арсовска и машата Трајановски добија само навреди и омаловажувања.

Тандемот кој треба да испорача пред Ковачевски Арсовска и Трајановски денес ги навредија сите скопјани. Толку од нивната заложба и желба за Скопје на сите скопјани.

Како и од говорницата од Градот Скопје, така и сега, бараме јавно извинување од страна на Арсовска и Трајановски за изнесените навреди кон приватните превозници.

Советниците од СДС и коалиција, денес не се надминаа себеси на овој арогантен однос на Трајановски не побараа од заменик градоначалникот да се извини, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Линк од видео материјал: