Димитриеска Кочоска: Владата греши што сега го зголемува ДДВ на струјата од 5 на 10 проценти, тоа значи повисока цена за граѓаните

Со тоа што се зголемува ДДВ на струјата односно Владата го враќа на 10 мислам дека е во погрешно време, тоа значи поголема цена за граѓаните, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата на гостување на телевизија 24.

„Ме загрижува моментот со домаќинствата надвор од Скопје што правиме со станбените згради каде се загреваат на струја и ќе надминат блок 1 и блок 2 тарифите дали се тие недомаќини. Допрва нас не очекуваат ефектите од минусни температури и раст на потрошувачката“, посочи Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска посочи дека не е во функција ниту комплетнтиот капацитет.

„Ако ја погеднете страната на ЕСМ ќе видите дека произвеле толку и толку па потоа ги нема, па заокружуваат по три четири дена“, посочи таа.

Димитриеска Кочоска информираше дека во 2017 година во РЕК Битола работеле трите блока, не работеле само кога имало ремонти. Вториот момент, додаде таа, е што сега зборуваме за 180 евра, а јас зборувам за пониски цени од 180 евра и не било потребно вклучување на ТЕЦ Неготино.

„ЕЛЕМ не произведува доволно да ги покрие домаќинствата и малите потрошувачи“, посочи Димитриеска Кочоска.