Јовановски: Ако нема договор овие два дена, од понеделник почнувајќи од шест часот наутро ќе има повторно блокади
Автобусите од приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска беа наредени на десниот дел од Булеварот „Илинден“, односно во непосредна близина на градското Собрание.
Откако не бевме примени на средба во Град Скопје, по извесно време ги отстранивме автобусите од „Илинденска“. Ако нема некој договор во меѓувреме овие два дена, од понеделник почнувајќи од шест часот наутро ќе има повторно блокади“, изјави директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.
Јовановски рече дека блокадите ќе бидат кај крстосниците пред Т.Ц. Мавровка, кај Црвен Крст, и, како што кажа, ќе биде блокиран и целиот дел пред градското Собрание на „Илинденска“.